Реал Мадрид после серијата лоши резултати реши да го отпушти тренерот Лопетеги и го намести Солари како привремено решение на клупата.
Раководството на „кралскиот“ клуб е во потрага по етаблирано тренерско име, а после неуспехот да ги ангажираат Конте и Мартинез сега ќе се насочат кон еден Португалец.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Станува збор за бившиот тренер на Монако, Леонардо Жардим кој од пред една недела е слободен. Шпанските медиуми пренесуваат дека „кралевите“ веќе го контактирале неговиот агент, Жорге Мендеш.
Реал Мадрид сака Жардим да го преземе тимот до крајот на годината и тука се јавува проблем бидејќи Португалецот сака подолг договор и долгорочен проект.
Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, Жардим и во летото се споменуваше како една од опциите пред ангажманот на Лопетеги.
Како и да е, Реал нема многу време и ако не најде адекватна солуција, можно е Солари да остане на клупата до крајот на сезоната.