
Хулиан Алварез не е задоволен што раководството на Атлетико Мадрид јавно зборуваше за неговиот статус и порачаа дека тој не е на продажба иако му ветија зимоска дека нема да прават проблем ако сака да замине, па најде начин како да им се одмазди.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сагата околу аргентинскиот репрезентативец и неговата желба за заминување во Барселона продолжува, бидејќи од Атлетико Мадрид пред неколку дена јасно порачаа дека тој не е на продажба, а особено дека нема да го продадат на директен ривал.
Сé почна пред Светското првенство кога Алварез јавно рече дека сака да го напушти Атлетико, што не им се допадна на раководството на тој клуб.
Тие сметаат дека Барселона врши притисок врз него да прави такви потези за да дојдат до трансфер, и секако решија да се заинатат и одлучија дека нема да го пуштат.
Меѓутоа, проблемот и причината поради која Алварез е лут на раководството на мадридскиот клуб е ветувањето што му го дадоа на почетокот на оваа година. Тогаш разговараа околу неговото заминување од клубот и му ветија дека нема да прават проблем кога ќе се одлучи да замине.
Но, очигледно е дека не верувале дека тој ќе сака да ја продолжи кариерата во Барселона, а кога се вклучија Каталонците во приказната ситуацијата драстично се промени.
Алварез е бесен што во Атлетико не го почитуваат ветувањето што му го дадоа, но и што јавно зборуваат дека нема да го продадат, и се обидуваат да ја префрлат вината на Барселона и на него.
Вчера се појавија информации дека Алварез нашол начин да се одмазди на Атлетико ако не го исполнат ветувањето, и наводно ги контактирал челниците на клубот и им дал до знаење дека не се шегува.
„Слушај… Ако продолжи оваа непотребна драма и не го исполниш тоа што ми го вети, нема да тренирам со екипата кога ќе се вратам во Мадрид”, наводно Алварез му рекол на претседателот на Атлетико пишува ЕСПН.