Дома Фудбал Рома не запира дури и ако го урне рекордот, следната цел е во Челси!

Рома не запира дури и ако го урне рекордот, следната цел е во Челси!

Рома е после пласманот во Лигата на шампионите прилично активна овие денови во преодниот рок, а најмногу се пишува за нивната понуда за холандскиот репрезентативец Крисенсио Самервил за кого се подготвени да го соборат клупскиот рекорд кога станува збор за сумата за оштета.

Пред неколку дена се споменуваше дека Рома ќе понуди 45 милиони на Вест Хем, денес италијанските медиуми споменуваат уште милион повеќе и дека понудата од 46 милиони е официјална што Рома ја упати до англискиот премиерлигаш.

Освен тоа, ‘„Тутомеркато’“ пишува дека Самервил дал позитивен одговор на Римјаните и дека му се допаѓа новиот клупски проект, па сега само се чека конечниот ”ДА” од челниците на Вест Хем.

Но, Рома тука нема да запре. Италијанскиот новинар Алфредо Педула ги пренесе своите сознанија дека ”волчицата” не се откажала ни од Алехандро Гарначо од Челси и дека ќе направи сè за да го доведе, дури и во случај Самервил навистина да стане нов член на Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФФМ решава административни проблеми за две засилувања во репрезентацијата!

Македонската фудбалска репрезентација би можела да добие неколку нови имиња за претстојнит…