Дома Фудбал Реал Мадрид објави официјално соопштение за Енцо Фернандез!

Реал Мадрид објави официјално соопштение за Енцо Фернандез!

Реал Мадрид јасно соопшти дека нема интерес за kупување на капитенот на Челси, Енцо Фернандез, ниту планира да достави понуда до лондонскиот клуб за аргентинскиот играч.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Кралскиот клуб“ истакна дека го почитува репрезентативецот на Аргентина, но истовремено нагласи дека неговиот трансфер не е во нивните планови.

„Во светот на шпекулациите и изјавите кои се појавија изминатите денови во одредени медиуми и на социјалните мрежи, поврзани со наводниот интерес на Реал за Енцо Фернандес, клубот сака да истакне дека не е преземен ниту еден чекор, ниту директен ниту индиректен, за ангажирање на аргентинскиот играч, и дека не планира да преземе таква акција“, се вели во изјавата на шпанскиот клуб.

Изминатите денови англиските и шпанските медиуми објавуваа дека Реал е подготвен да издвои 150 милиони евра за купување на 25-годишниот Аргентинец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Џо Кол за поништениот гол на Хрватска: Една од најлошите одлуки во историјата на СП!

Поранешниот англиски репрезентативец Џо Кол остро ја критикуваше одлуката со која беше пон…