Дома Фудбал Челси започна официјални преговори и за француски репрезентативец

Челси започна официјални преговори и за француски репрезентативец

Откако вчера стана јасно дека Челси понудил рекордна сума за англискиот репрезентативец Морган Роджерс, денес новинарот Бен Џејкобс информира дека лондончаните веќе започнале официјални преговори и за францускиот репрезентативец Максенс Лакроа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Централниот дефанзивец на Кристал Палас беше во составот на “петлите” во поголемиот дел од последните нивни два натпревари на Светското првенство. Во полуфиналето со Шпанија, тој го замени на 30-тата минута сериозно повредениот Вилијам Салиба, а синоќа беше стартер против Англија во натпреварот за трето место и доби трета највисока оценка во репрезентацијата на Дидије Дешан, иако одбраната на “петлите” прими вкупно шест гола.

Според Џејкобс, Арсенал исто така има интерес за 26-годишниот Лакроа, кого “орлите” го ценат на 55 милиони фунти.

Пред неколку дена “Мирор” информираше дека од “Стемфорд Бриџ” се подготвени да му понудат на Кристал Палас Трево Чалоба како разменска понуда за Лакроа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хрватски фудбалер може да направи трансфер од 80 милиони евра!

Според последните информации од медиумите Мартин Батурина ќе го напушти тимот на Комо ова …