Дома Фудбал Душан Влаховиќ ја прифати единствената понуда што ја доби!

Душан Влаховиќ ја прифати единствената понуда што ја доби!

Истанбулскиот гигант Бешикташ, по доведувањето на Мохамед Салах и Леандро Тросард, е многу блиску до обезбедување уште еден офанзивец. Се чини дека српскиот напаѓач Душан Влаховиќ ќе се пресели во Турција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Црно-белите пред неколку недели му испратија официјална понуда на 26-годишникот. На маса се девет милиони евра нето годишно, плус бонуси, и големи провизии за таткото Милош и агентот Дарко Ристиќ.

Србинот немал намера да се пресели во Турција. Чекал нов состанок со Јувентус, понуда од Барселона или некој посилен тим од најдобрите европски лиги, но не ја дочекал. На крај, според информациите, одлучил да дојде во Истанбул.

“Бешикташ е единствениот клуб кој испрати официјална понуда за Душан Влаховиќ”, се зборовите на угледниот турски новинар Јагиз Сабунџуоглу.

Најновите информации велат дека Влаховиќ конечно се одлучил за Бешикташ. Почетокот на неделата ќе се одржат конкретни разговори и се очекува Србинот да потпише трогодишен договор со турскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ и Барселона се договориле за цената на Торес

Трансферот на Феран Торес од Барселона во Пари Сен Жермен ќе биде финализиран за неколку д…