Дома Фудбал Познати стартните состави за големото финале

Познати стартните состави за големото финале

Познати се стартните состави на Шпанија и Аргентина за најважниот натпревар на турнирот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Луис де ла Фуенте остана верен на тимот кој ја донесе Шпанија до финалето и не направи ниту една промена. Единствената дилема беше во средниот ред, каде што Фабијан Руиз доби предност пред Педри.

Во аргентинскиот табор повторно нема место за Лаутаро Мартинез, иако токму тој беше херој во полуфиналето против Англија, а на врвот во нападот ќе биде Хулијан Алварез.

Стартни состави:

Шпанија (4-3-3): Симон; Поро, Кубарси, Лапорт, Кукуреља; Родри, Руиз, Олмо; Баена, Ојарзабал, Јамал.

Аргентина (4-4-2): Мартинез; Молина, Ромеро, Лисандро Мартинез, Таљафико; Де Пол, Мекалистер, Енцо Фернандез, Нико Гонзалез; Меси, Алварез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Морган удри по Аргентинците: Тие се група насилни хулигани, срамно!

Фудбалската репрезентација на Шпанија синоќа ја победи Аргентина во финалето на Светското …