Дома Фудбал Перез не попушта: Реал Мадрид бара одземање на титулите на Барселона

Перез не попушта: Реал Мадрид бара одземање на титулите на Барселона

Реал Мадрид побара од Европската фудбалска организација (УЕФА) да ѝ ги одземе сите трофеи на Барселона освоени во периодот од 2001 до 2018 година. Причината е контроверзниот случај „Негреира“, во кој каталонскиот клуб е обвинет за купување на судии.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реал Мадрид не се откажува од случајот „Негреира“. Кралскиот клуб поднесе барање до Европската фудбалска организација да ѝ одземе на Барселона сите трофеи во периодот од 2001 до 2018 година.

Случајот Негреира е еден од најголемите скандали во историјата на шпанскиот фудбал и се однесува на долгогодишните исплати што Барселона ги направила на компании поврзани со поранешниот потпретседател на Судиска комисија Хосе Марија Енрикез Негреира.

Меѓу 2001 и 2018 година, Барселона исплатила околу 7,3 милиони евра на компании во сопственост на Негреира. Каталонскиот клуб тврди дека исплатите биле за усни извештаи за судењето, анализи на судиите, совети за однесувањето на судиите и очекувањата на натпреварите, но никако за купување на судии.

Досега не е пронајден никаков доказ дека некој натпревар бил наместен или дека судија примил мито. Затоа случајот не е претставен како доказ за местење натпревари, туку како сомнеж за корупција и можен обид за влијание врз судиската организација.

Меѓутоа, Реал Мадрид бара да се покрене постапка и Барселона да одговара за купување на судии. Тие бараа одземање на сите трофеи во периодот од 2001 до 2018 година.

„Реал Мадрид побара од УЕФА да ѝ ги одземе сите трофеи на Барселона освоени за време на плаќањето на Негреира“, вели Хосе Феликс Диаз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус подготвува прва понуда за скандалозниот напаѓач на САД и за поранешниот играч на Милан

Јувентус го задржува својот интерес кон напаѓачот на американската репрезентација Фоларин …