
Фудбалерите на Шпанија останаа без последниот тренинг пред финалето на Светското првенство против Аргентина.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Екипата на Луис де ла Фуенте требаше да тренира во тренинг центарот „Мелани Лејн“ во Њу Џерси, но сесијата најпрво беше суспендирана, а потоа и целосно откажана поради силното невреме кое го погоди подрачјето на Њујорк и Њу Џерси.
Шпанската фудбалска федерација изјави дека тренингот е прекинат согласно безбедносните протоколи во САД поради бурa.
„Тренигот на шпанската репрезентација на терените на тренинг центарот Мелани Лејн во Њу Џерси е суспендиран согласно американските безбедносни протоколи за временска бура. Играчите моментално се загреваат во затворен простор“, се наведува во соопштението на RFEF.
Според правилата, секој спортски настан на отворено мора да биде прекинат ако се откријат молњи или електрична активност во радиус од осум милји. Продолжување е можно само ако во наредните најмалку 30 минути нема нови удари на гром.
ФИФА потврди дека за Шпанија нема да има алтернативен термин за тренинг.