Дома Фудбал ВРЕМЕ Е ЗА НОВ ПРЕДИЗВИК: Фил Фоден во гигантот од Серија А!

ВРЕМЕ Е ЗА НОВ ПРЕДИЗВИК: Фил Фоден во гигантот од Серија А!

Фил Фоден се наоѓа на радарот на Милан, пренесува Тутоспорт.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Брилијантниот фудбалер на Манчестер Сити би можел да се пресели во Италија кај Рубен Аморим, кој беше менаџер на нивниот градски ривал Манчестер Јунајтед.

Роден е на 28 мај 2000 година во Стокпорт, а целата своја досегашна кариера ја преплитал со Манчестер Сити, клуб во кој влегол уште како осумгодишник. Неговиот фудбалски напредок започна во академијата на „Граѓаните“, каде што брзо го привлече вниманието на врвните скаути и тренерот Пеп Гвардиола, кој го премести во првиот тим.

Официјално дебитираше за Манчестер Сити во ноември 2017 година во натпреварот од Лигата на шампионите, со што започна историскиот низ успеси со клубот. Со Сити освои бројни титули во Премиер лигата, трофеи од ФА купот, Лига купот, како и историскиот трофеј од Лигата на шампионите.

Со текот на годините стана клучен играч на тимот, препознатлив по својот одличен преглед на играта, брзина, врвна техника и способноста да игра подеднакво добро на крилната позиција или во средината на теренот.

Неговата извонредна форма му донесе престижни индивидуални признанија, вклучувајќи и награда за најдобар играч во Премиер лигата.

На репрезентативен план, Фоден помина низ сите младински селекции на Англија, а светската слава ја стекна во 2017 година кога ја предводеше репрезентацијата до 17 години до титулата светски првак, каде што беше прогласен за најдобар играч на турнирот.

За сениорската репрезентација на Англија дебитираше во 2020 година. Оттогаш е стандарден член на „Гордиот Албион“, сè до ова Светско првенство на кое за него немаше место одлука на селекторот Томас Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар дозна со кого ќе игра во Европа ако ја помине Рига!

Вардар го доби својот евентуален противник за третото квалификациско коло во Конференциска…