Дома Фудбал Меси пред финалето: Без разлика што ќе се случи, овој тим веќе испиша историја која никој не може да ја избрише

Меси пред финалето: Без разлика што ќе се случи, овој тим веќе испиша историја која никој не може да ја избрише

Големиот лидер на Аргентина Лионел Меси им се обрати на сите свои соиграчи пред денешното финале на Светското првенство против Шпанија. “Албиселесте” ќе се обиде да стане само третиот тим во историјата што го брани трофејот, но осумкратниот добитник на “Златната топка” се фокусира не на одличјата, туку на изминатиот пат и чувството дека овие играчи се како семејство.

Меси нагласи дека тимот веќе го завел своето име во историјата и тоа нема да се промени, без разлика како ќе заврши финалот на „МетЛајф Стадион“.

Еве што напиша капитенот на Аргентина во својот профил на „Инстаграм“:

“Најубавото нешто низ сите овие години не беа само трофеите, туку целото патување. Споделувањето на секој ден со оваа група играчи, натпреварувањето заедно, справувањето во тешки моменти и уживањето во секој чекор. Ви благодарам на секој мој соиграч, на тренерскиот тим и на сите луѓе кои секој ден работат за да го одржуваат овој тим како семејство.

Без разлика што ќе се случи утре, овој тим веќе испиша историја која никогаш нема да заборавиме и која никој нема да може да ја избрише.

Ајде, Аргентина!”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На повидок сензационален трансфер: Ричарлисон наскоро доаѓа во Белград?

Бразилскиот репрезентативец Ричарлисон е на праг да го напушти англискиот премиерлигаш, То…