Дома Топ вести ПОТВРДЕНО: Меси заминува од ПСЖ!

ПОТВРДЕНО: Меси заминува од ПСЖ!

Лионел Меси утре ќе го одигра последниот натпревар за ПСЖ, потврди тренерот Кристоф Галтие.

Договорот на Меси со ПСЖ истекуван а крајот на оваа сезона, а во последниот период Аргентинецот беше во конфликт со навивачите. Неговото заминување се најавуваше, сега е и потврдено.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Имав чест да го тренирам Меси, најдобриот на сите времиња. Овој викенд Меси ќе го одигра последниот натпревар во дресот на ПСЖ против Клермон“, изјави Галтие во најавата за натпреварот.

Меси за две сезони во ПСЖ одигра 74 натпревари и постигна 32 гола, додавајќи 35 асистенции. Двапати беше шампион на Франција, но не успеа да ја освои Лигата на шампионите. Во медиумите се најавуваше враќање во Барселона, но се споменува и Ал Хилал во Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Мбапе до новинарот по постигнување на 4 гола: “Без навреда, тоа е навистина лошо прашање”

КИЛИЈАН МБАПЕ беше најдобар кога Реал најмногу го бараше неговиот талент. Тој ги постигна …