Ракометниот свет е потресен од веста за смртта на поранешна репрезентативка на Македонија, Јулија Николиќ (Портјанко).




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Нејзините блиски за „Фокус” велат дека причината, според првичните информации е срцев удар.




„Доцна синоќа се случило, сите сме вознемирени, таа беше прекрасен човек. Нејзиниот борбен дух не го издржа овој животен предизвик. Со години се бореше да стане мајка, не го дочека тоа за жал. Претешки се овие моменти за сите нас, кои ја знаевме нејзе и нејзината големина“, откриваат нејзини поранешни соиграчи од Кометал.