Дома Фудбал Флорентино Перез пред можеби најтешката одлука: Дел од соблекувалната сака заминување на ѕвездата?

Флорентино Перез пред можеби најтешката одлука: Дел од соблекувалната сака заминување на ѕвездата?

Флорентино Перез можеби ова лето ќе мора да донесе една од најшокантните одлуки во последниве години, бидејќи шпанските медиуми тврдат дека дел од највлијателните играчи на Реал Мадрид сакаат заминување на ѕвездата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Уругваецот со години беше еден од симболите на енергијата, борбеноста и карактерот на кралскиот клуб, поради што ваквите информации предизвикаа вистински шок меѓу навивачите на Реал.

Пред само неколку месеци Валверде поминуваше како недопирлив играч на Сантијаго Бернабеу, фудбалер кого клубот го гледа како еден од водечките во иднината.

Сепак, сезона без освоен трофеј очигледно остави сериозни последици внатре во соблекувалната на мадридскиот великан.

Според шпанските медиуми, односите меѓу одредени играчи значително се нарушени, а дополнителна внимание привлече и наводниот физички конфликт помеѓу Валверде и Орелјен Чуамени.

Наводно дел од соблекувалната смета дека продажбата на Валверде би можела да помогне во ресетирање на екипата по бурната сезона во која Реал не успеа да освои ниеден голем трофеј.

Ситуацијата дополнително ја комплицира фактот дека интерес за уругвајскиот играч за врска не недостига.

Клубови од Саудиска Арабија веќе подолго време ја следат неговата ситуација, а се спомнува и сериозен интерес од неколку англиски клубови кои веруваат дека Валверде без проблеми би можел да стане една од најголемите ѕвезди во Премиер лига.

Токму поради тоа многумина сметаат дека Флорентино Перез би можел барем да ја разгледа можноста за продажба доколку процени дека евентуалното заминување би смирило ситуацијата во екипата и би овозможило простор за нов проект.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Столе чуда прави во Шпанија, со маестрална одбрана ја спаси Валенсија! (Видео)

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски продолжува со одличните настапи во …