Дома Фудбал Брегалница пак може да ги смени сопствениците – сега Германец се најавува за нов газда!

Брегалница пак може да ги смени сопствениците – сега Германец се најавува за нов газда!

Според информациите на штипската телевизија „ТВ Стар“, фудбалскиот клуб Брегалница наскоро би можел да добие нови сопственици, и тоа само една година по последната промена во управувачката структура.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што објави „ТВ Стар“, на денешната седница на Советот на Општина Штип треба да се разгледува предлог за продажба на 51 процент од акциите на клубот на германски бизнисмен. Засега нема официјална потврда ниту детали за идниот сопственик, но според истите информации станува збор за човек кој веќе е вклучен во фудбалскиот бизнис и поседува клуб во Германија.

Брегалница пред нешто повеќе од една година премина во сопственост на поранешниот турски кошаркарски репрезентативец Мурат Шамил Шен. Тогаш беа најавени инвестиции не само во фудбалскиот клуб, туку и во кошарката во Штип, како и во индустриски капацитети, но најавените проекти не беа реализирани.

Во меѓувреме, штипскиот состав е блиску до враќање во Првата лига. На две кола пред крајот на сезоната во Втората лига, Брегалница е лидер на табелата со 65 бодови. За сигурен директен пласман во елитата, на тимот му се потребни победи во преостанатите два натпревари, со што нема да зависат од резултатите на конкурентите Скопје и Шкендија Арачиново.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…