Дома Останати Ракомет Македонија на чекор од нов Мундијал – Словачка беше прегазена во Прешов!

Македонија на чекор од нов Мундијал – Словачка беше прегазена во Прешов!

Македонија е на чекор до нов пласман на Светско првенство, откако вечерва во Прешов убедливо ја совлада Словачка со 31-24 во првиот бараж натпревар.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Избраниците на Кирил Лазаров одлично го отворија натпреварот и поведоа со 2-0, додека Словаците до првиот гол стигнаа дури во четвртата минута. Домашната селекција накратко успеа да направи пресврт, но тоа беше едно од ретките нивни водства на средбата.

Во поголемиот дел од првото полувреме се играше израмнето, а Македонија постојано одржуваше минимална предност. Клучниот момент дојде во финишот на полувремето кога македонските ракометари врзаа три гола во серија и првпат се одлепија на посериозна разлика. На паузата се замина со водство од 18-13.

Македонија доминираше и во вторите 30 минути, не дозволувајќи ѝ на Словачка да се врати резултатски во игра. Нашата репрезентација постојано ја контролираше предноста, а домаќините немаа сили за посериозен отпор.

Со конечните 31-24, Македонија обезбеди одлична залиха пред реваншот кој за три дена ќе се игра во Спортски центар Борис Трајковски со почеток од 19 часот.

Најефикасен во македонскиот состав беше Филип Кузмановски со десет погодоци, додека Мартин Лазаревски постигна седум. Одличен настап имаше и голманот Мартин Томовски кој натпреварот го заврши со 13 интервенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Червар откри зошто доаѓа во Пелистер: Не можев да работам во Хрватска

Легенарниот хрватски ракометен стратег Лино Червар повторно се враќа на тренерската сцена …