
Лука Модриќ не сака да ја пропушти финишот на сезоната. Од Италија доаѓаат информации дека е подготвен да направи сè што е можно за што побрзо да се врати на теренот и да му помогне на својот Милан да се пласира во Лигата на шампионите наредната сезона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Хрватскиот капитен се повреди во завршницата на натпреварот против Јувентус по судорот со Мануел Локатели, а лекарските прегледи покажаа дека има скршеница на јагодичната коска. Иако првите прогнози велеа дека за него сезоната е завршена, италијанските медиуми сега даваат нешто пооптимистички прогнози.
Денешното издание на Газета дело Спорт открива дека за следната недела се закажани лекарски прегледи кои ќе покажат како напредува опоравувањето на хрватскиот шампион, а тоа ќе одреди дали Модриќ ќе се врати на тренинзи и ќе се обиде да и помогне на екипата против Каљари во последното коло. Италијанците додаваат дека Модриќ е подготвен да преземе ризик, па дури и да игра со заштитна маска.