Дома Фудбал Ангеловски почна со новата работа: Критикувајте ме мене, немојте играчите и федерацијата!

Ангеловски почна со новата работа: Критикувајте ме мене, немојте играчите и федерацијата!

Игор Ангеловски и официјално беше промовиран како нов селектор на Таџикистан, репрезентација која ќе ја предводи и на претстојниот Азиски куп.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За поранешниот селектор на македонската репрезентација ова е прв ангажман на репрезентативно ниво по заминувањето од клупата на Македонија.

„Сакам да му се заблагодарам на раководството на Фудбалската федерација на Таџикистан за топлиот пречек. Уште од првите денови ја чувствувам поддршката од сите вработени во Федерацијата“, изјави Ангеловски на промоцијата.

Во неговиот стручен штаб ќе бидат и долгогодишните соработници Милан Илиевски и Иван Јовановски.

„Милан Илиевски и Иван Јовановски ќе ми помагаат во репрезентацијата на Таџикистан. Со нив соработувам многу години. Илиевски ќе биде мој асистент, а Јовановски тренер за физичка подготовка“, додаде популарниот Мрме.

Ангеловски испрати порака и до јавноста, нагласувајќи дека целата одговорност ја презема врз себе.

„Ова за мене е нов предизвик. Сакам веднаш да кажам: критикувајте ме само мене, не играчите и не Федерацијата. Целата критика нека биде насочена кон мене. Свесен сум за одговорноста што ја носи селекторската функција. Ќе направиме сѐ што можеме за да ги израдуваме навивачите и достоинствено да го претставуваме Таџикистан на меѓународната сцена“, порача Ангеловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Брегалница пак може да ги смени сопствениците – сега Германец се најавува за нов газда!

Според информациите на штипската телевизија „ТВ Стар“, фудбалскиот клуб Брегалница наскоро…