
ЗИНЕДИН ЗИДАН како тренер го донесе Реал до три последователни титули во Лигата на шампионите, но како играч, успеа да ја освои само еднаш.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тоа се случи на денешен ден во 2002 година, во финалето против Баер Леверкузен, каде што самиот го реши натпреварот со гол за конечни 2:1 во последната минута од првото полувреме. И тој беше голот што ќе остане запаметен.
Тој прекрасен волеј од работ на шеснаесетникот и денес се смета за еден од најубавите, ако не и најубавиот гол во историјата на ова натпреварување. Можеби некој беше поубав визуелно, но ниеден не комбинираше таква атрактивност и значајност.