
Францускиот фудбалер Тео Ернандез сериозно разгледува можност враќање во Серија А по само една сезона помината во Саудиска Арабија. Неговите агенти насочуваат погледи кон клубовите Јувентус и Милан, јавуваат италијанските медиуми.
Поранешниот дефанзивец на Милан имаше успешна сезона со Ал Хилал под водство на Симоне Инзаги со девет погодоци и пет асистенции во 42 натпревари, Ернандез го постигна и одлучувачкиот гол во финалето на Купот на кралот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
И покрај добрите настапи, Ернандез не ја крие желбата да се врати во европскиот фудбал, наведе CalcioMercato.
Интересно е што времето на трансферот е внимателно избрано. Тој мораше да помине 183 дена како даночен резидент во Саудиска Арабија пред да може да преговара со европски клубови за бруто плата, а сега тој рок е достигнат.
Секој заинтересиран италијански клуб ќе сака да го убеди да ја намали својата актуелна нето плата од 20 милиони евра, но даночната пречка е сега отстранета.
Јувентус се споменува најчесто како потенцијална дестинација за динамичниот офанзивен лев бек, токму оној каков што бара тренерот Лучијано Спалети. Но, сè уште нема официјални контакти и сè останува на ниво на идеја, а не конкретна мета.
Враќањето на Ернандез во Милан е повеќе комплексна опција. Тој претходно јавно го исклучи тоа поради проблеми со раководството на клубот, но со оглед на тоа што иднината на Иигли Таре, Масимилијано Алегри и извршниот директор Џорџо Фурлани е под лупа, промена на персоналот би можела да му ги отвори вратите, особено што семејството му сеуште живее во Милано.