Дома Фудбал Официјално: Анчелоти е подготвен да го води Бразил и на Мундијал 2030

Официјално: Анчелоти е подготвен да го води Бразил и на Мундијал 2030

Од Бразилската фудбалска федерација (CBF) официјално го објавија новиот договор на селекторот на нивниот национален тим, Карло Анчелоти. Спогодбата меѓу двете страни е до крајот на Мундијал 2030. Ова значи дека италијанскиот стручњак може да ја води „Селесао“ и на уште едно Светско првенство по ова, кое започнува следниот месец.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Анчелоти ја презеде Бразил само минатиот мај, но брзо ја импресионира локалната фудбалска федерација со неговата работа. Искуствениот тренер успешно ги заврши светските квалификации и така ќе ги води „кариоките“ на Мундијал 2026, каде се во иста група со Мароко, Хаити и Шкотска. Во своите досегашни десет натпревари како селектор на тимот, 66-годишниот тренер има пет победи, две нерешени и три порази.

„Пристигнав во Бразил пред една година. Уште од првиот момент разбрав што значи фудбалот во оваа земја. Една година работиме за да го вратиме бразилскиот национален тим на светскиот врв. Но, CBF и јас сакаме повеќе. Повеќе победи, повеќе време, повеќе работа. Многу сме среќни да објавиме дека ќе продолжиме да бидеме заедно уште четири години. Ќе бидеме заедно до Мундијал 2030. Сакам да им се заблагодарам на CBF за нивната доверба. Благодарам, Бразил, за топлото добредојде и за целата љубов.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико повторно го обнови интересот кон Ник Волтемаде

Атлетико Мадрид ќе се обиде да ангажира барем еден напаѓач летово, а во зависност од бројо…