Дома Останати Ракомет Червар откри зошто доаѓа во Пелистер: Не можев да работам во Хрватска

Червар откри зошто доаѓа во Пелистер: Не можев да работам во Хрватска

Легенарниот хрватски ракометен стратег Лино Червар повторно се враќа на тренерската сцена и од следната сезона ќе го предводи Еурофарм Пелистер. Иако се веруваше дека по петгодишната пауза 75-годишниот „Магионичар од Умаг“ ставил крај на кариерата, тој прифати нов предизвик и повторно ќе работи во македонскиот ракомет.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Червар потпишал двегодишен договор со битолскиот клуб, кој во изминатите три сезони настапуваше во Лига на шампионите како шампион на Македонија. Во меѓувреме, Вардар со Иван Чупиќ на клупата ја освои двојната круна, додека Пелистер во моментов води битка со Охрид за второто место и место во Лига Европа.

Во Битола очекувањата се големи, а надежите се дека искусниот Хрват повторно ќе донесе трофеи и ќе воспостави стабилност, како што тоа своевремено го направи со Металург. За време на осумгодишниот престој во Скопје, Червар освои седум трофеи и двапати стигна до четвртфиналето во Лигата на шампионите, оставајќи силен белег во историјата на клубот.

„Луѓето од Пелистер имаа голема желба да дојдам. Со оглед дека не можам да работам овде (во Хрватска н.з.), морам знаењето и искуството да ги пренесам во странство, на туѓи деца. Имам поинакво размислување и теорија за тренингот, но тука не можев да работам“, кратко изјави Червар за хрватски „24 сата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонија на чекор од нов Мундијал – Словачка беше прегазена во Прешов!

Македонија е на чекор до нов пласман на Светско првенство, откако вечерва во Прешов убедли…