Манчестер Сити е на прагот на нова шампионска титула во Англија. За новата круна ќе му биде потребна победа против Вест Хем во натпреварот од последното коло, а за вчерашната победа Пеп може да му се заблагодари на неочекуваниот јунак Ортега кој го замени повредениот Едерсон во 69. минута.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во 86-та блесна со својата реакција во акцијата во која Сон беше во ситуација еден на еден. Да постигнеше гол напаѓачот на Тотенхем ќе израмнеше на 1:1, а прашање е како ќе изгледаше крајот на натпреварот. Тоа не се случи, Ортега го сопре обидот на Сон со десната нога, а набргу потоа Ерлинг Халанд ги постигна конечните 2:0 со својот втор гол.
Колку беше важна таа одбрана, покажа реакцијата на Пеп Гвардиола, кој следеше што се случува на теренот. Кога Ортега го направи потегот што му донесе награда за играч на натпреварот, менаџерот на Сити за момент падна на земја.
Stefan Ortega Moreno. Phenomenal. pic.twitter.com/0QOPtAsRR7
— Manchester City (@ManCity) May 14, 2024