Дома Фудбал Италија Пирло блокирал продажба на тројца играчи на Јувентус

Пирло блокирал продажба на тројца играчи на Јувентус

Како што објави новинарот Фабрицио Романо, Андреа Пирло летоска блокирал трансфери на тројца играчи на Јувентус.

Во Јувентус на големо се договарале трансфери на фудбалери, но со доаѓањето на Пирло беше јасно дека сите остануваат.

Демирал имаше понуда од Лестер, Рабио исто така го барале англиски клубови, а исто така и Данило бил еден од отпишаните во клубот од Торино.

Се верува дека сите тие ќе заминеле доколку не пристигнал Пирло, кој имаше мислење дека тие момци и натаму заслужуваат да го носат дресот на Јувентус и редовно им дава шанса во новата сезона.

Данило одигра седум натпревари во Серија А и има една асистенција, Демирал во шест настапи исто така запиша една асистенција, додека Рабио постигна еден погодок на седум одиграни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дресот со кој Меси го прослави голот навистина го носел Диего

Дресот од Њуелс Олд Бојс кој Лионел Меси го носеше под својот во текот на мечот со Осасуна…