
Милан го посакува младиата босанска ѕвезда Керим Алајбеговиќ во својот состав и веќе претстави понуда до луѓето кои се грижат за кариерата на одличниот офанзивец.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неговите чудесни игри во Салцбург и за репрезентацијата на Босна и Херцеговина привлечеа интерес од некои од најголемите клубови во Европа. За него се натпреваруваат вистински великани, а Баер од Леверкузен задоволно си ги трие рацете затоа што го врати во својот тим за осум милиони евра.
Алајбеговиќ би можел да му донесе на германскиот тим три до четири пати повеќе пари. Планот е да се искористи огромниот интерес ова лето и Керим да се продаде, а тоа нема да им биде премногу тешко.
Огромен број тимови го посакуваат 18-годишниот крилен напаѓач. Меѓу нив е и италијанскиот великан AC Milan, кој веќе ги презеде првите конкретни чекори во донесувањето на репрезентативецот на Босна и Херцеговина.
Росонерите веќе разговарале со агентите на босанскиот фудбалер. Сè поминало многу добро и тимот од Сан Сиро го претстави проектот што му го нудат на Керим.
Веќе се знаат и сумите што му се понудени на 18-годишникот. На масата е петгодишен договор вреден два и пол милиони евра по сезона, плус одредени бонуси.
Милан наскоро ќе седне на преговарачка маса со Баер. Ќе понуди до 25 милиони евра со дополнителни бонуси со кои трансферот би се зголемил до 30 милиони евра. Тоа е сума која би можела да ја задоволи екипата од Леверкузен.