
Од Манчестер Јунајтед покажуваат сериозен интерес кон играчот на средината на теренот на Рома, Ману Коне, тврди „Кориере дело Спорт“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Францускиот репрезентативец е проценет на околу 50 милиони евра, но од италијанското издание тврдат дека на „Олимпико“ ќе побараат повеќе за да го пуштат на „Олд Трафорд“.
Коне имаше силна сезона со тимот на „волците“ и одигра 37 натпревари, во кои постигна два гола и забележа три асистенции. Неговите настапи го импресионираа и Дидие Дешан, кој го вклучи во составот на „петлите“ за Светското првенство. 20-кратните шампиони сакаат да пронајдат играч со стабилно претставување во дефанзивниот дел, кој ќе го замени заминатиот Каземиро.
Од Манчестер Јунајтед поставиле засилувањето на средината на теренот како главен приоритет ова лето. „Црвените ѓаволи“ веќе не успеваа во обидите да го доведат Елиот Андерсон од Нотингем Форест, Матеи Нунес од Вест Хем и Сандро Тонали од Њукасл, но се очекува во наредните часови да го објават трансферот на Андреј Сантос од Челси. Англичаните имаат договор и за бразилскиот репрезентативец Едерсон од Аталанта, но трансферот може да се пропадне поради проблеми со медицинските прегледи на играчот.