
За време на прославата на пласманот на фудбалската репрезентација на Франција во полуфиналето на Светското првенство, на северот на земјата се случи тешка несреќа во која загина седумнаесетгодишна девојка, според локалните медиуми. Трагедијата се случила во местото Оноа-Емери, кога тинејџерката паднала под тркалата на камион.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според првичните податоци од истрагата, несреќната девојка во општата еуфорија се качила на задниот дел од камионот кој се движел без приколка. За време на движењето ја изгубила рамнотежата и паднала од возилото, по што камионот поминал врз неа.
Лекарските екипи и пожарникарите пристигнаа за многу кратко време на местото на несреќата. За жал, поради сериозноста на повредите, можеа само да ја констатираат смртта.
На овој ужасен инцидент присуствувале уште шест малолетни лица. На нив веднаш им беше дадена медицинска помош на лице место, додека едно лице во состојба на тежок шок мораше да биде хоспитализирано во болницата во Мобеж.