
Некогашниот хрватски репрезентативец би можел да се врати на големата сцена во европскиот фудбал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според шпанските медиуми, Реал Мадрид има првичен контакт со претставниците на Брозовиќ за да ја разгледа можноста за негов ангажман во овој трансфер период.
Според информациите на новинарот Саша Таволиери, претставник од мадридскиот клуб се сретнал со окружението на Брозовиќ за да се информира за неговиот статус и да провери дали е заинтересиран за потенцијален трансфер во Реал.
Иако формални преговори сè уште не се водат, се известува дека искусниот 33-годишен играч е во фокусот на Реал како потребно засилување во средниот ред.
Брозовиќ неодамна го прекина договорот со Ал Наср и моментално е слободен играч, што ја прави оваа ситуација привлечна за клубовите кои сакаат да ја засилат својата средна линија без трансфер трошоци.
Контактот на Реал засега има за цел да собере информации за сегашната состојба на хрватскиот фудбалер, не да започне преговори.
Таволиери сугерира дека тренерот Жозе Мурињо е заинтересиран да го доведе Брозовиќ во неговиот тим, верувајќи дека со своето искуство, тактичка дисциплина и смиреност би вложил додаден квалитет. Според најавите би потпишал договор на една година..
Меѓутоа, реализацијата на трансферот во Реал моментално не е лесна задача.
Мадридскиот гигант веќе ова лето додаде четири нови засилувања, па затоа мора да ослободи место за нов играч во средниот ред пред да донесе нов фудбалер.