
Бразилскиот плејмејкер Андреј Сантос успешно ги помина медицинските прегледи пред да го финализира трансферот од Челси во Манчестер Јунајтед, информира Фабрицио Романо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Уште во средата вечерта стана јасно дека двата клуба постигнале договор за зделка вредна 48 милиони фунти фиксна сума плус уште два во форма на бонуси. Очекувањата се дека денес полузащитникот ќе пристигне на базата на „црвените ѓаволи“, каде што ќе го потпише својот личен договор. Се очекува договорот да трае до летото 2031 година плус опција за дополнителна сезона.
Романо дополнува дека најверојатно во исто време во петок ќе ги изврши своите медицински тестови и другото очекувано ново засилување Карл Дарлоу. Најинтересен останува случајот со бразилскиот репрезентативец Едерсон. Од Манчестер Јунајтед постигнаа договор со Аталанта за неговите права во вредност од околу 40 милиони евра плус бонуси уште пред почетокот на Светското, на кое тој беше повикан по итност и завршувањето на зделката се одложи.
Сега меѓутоа ситуацијата околу него е променета од страна на Англичаните. Се очекува тој да пристигне во Англија следната недела и да ги помине медицинските тестови, а дури потоа шефовите на „црвените ѓаволи“ ќе донесат конечно одлука дали ќе го реализираат овој трансфер или ќе се откажат од Едерсон.