Французинот Адриен Рабио се уште е без клуб откако го напушти Јувентус како слободен агент ова лето.
Како што пренесуваат медиуми голем проблем при изборот на нов клуб прави мајката на Рабио која е и негов агент бидејќи бара голема провизија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Рабио сака плата од 7.5 милиони евра годишно, но тука е и провизијата која сака да ја добие и бонусот при потпис.
Сезоната започна, а Рабио е се уште без клуб, а последно ја одби богатата понуда од Саудиска Арабија бидејќи сака да остане во Европа.
Последните информации се дека се уште активни понуди за Рабио се тие на Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Милан.