Французинот Адриен Рабио по долг период поминат без клуб по заминувањет од Јувентус кариерата ја продолжува во Олимпик Марсеј каде што навивачите го дочекаа како големо засилување.
Но, сега порака до фановите на францускиот гигант испрати новинарот Даниел Раиоло кои вели дека навивачите треба да ги намалат очекувањата од Рабио.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според него Рабио е во Марсеј затоа што никој од поголемите клубови во Европа не го сакал.
„Марсеј успеа да го убеди Рабио да прифати скоро двојно помала плата и тоа е неверојатно. Но, навивачите не треба да паѓаат во несвест за неговото доаѓање затоа што во Европа никој не го сакаше“, порача Раиоло.