
Еден од најистакнатите сенегалски фудбалери во историјата, Садио Мане, наводно донел одлуката да ја заврши својата репрезентативна кариера. Одлуката доаѓа само неколку дена откако Сенегал беа елиминирани во осмина финалето на Светското првенство, по драматичниот пресврт на Белгија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
И покрај тоа што 34-годишниот напаѓач одлучи да се повлече, оваа вест не е целосно неочекувана. Мане веќе порано навести дека Африканскиот Куп на нации 2025, кој се одржа во Мароко, ќе биде неговиот последен турнир за “Лавовите на Теранга”, но сепак одлучи да настапи на Светското првенство.
Садио Мане за репрезентацијата на Сенегал одигра 130 натпревари и постигна 54 гола. За време на неговата богата репрезентативна кариера со националниот тим, ја освои титулата шампион на Африка во 2022 година. На теренот го освои истиот трофеј и вo последното издание, но тој трофеј подоцна контроверзно беше припишан на Мароко.