Дома Фудбал Готово: Далиќ ќе биде селектор на друга репрезентација!

Готово: Далиќ ќе биде селектор на друга репрезентација!

Златко Далиќ многу брзо по заминувањето од Хрватска може да има нов ангажман.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Додека во Хрватска го чека Славен Билиќ да го наследи, Далиќ очигледно нема долго да чека до следната работна понуда.

Иако штотуку ја напушти хрватската селекција, интересот за Далиќ веќе е сериозен од повеќе репрезентации. Се зборува за Колумбија, Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати.

Тоа воопшто не изненадува, бидејќи Далиќ за време на своето време на чело на Хрватска изгради реноме на селектор кој знае да води големи турнири, да гради тимски дух и успева да управува со соблекувални полни со големи имиња. Таков профил на тренер особено е интересен за репрезентациите кои бараат авторитет, мир и искуство на највисоко ниво.

Според странски медиуми, Колумбија изразила сериозен интерес за Далиќ, но се чини дека хрватскиот тренер веќе избрал друг правец.

Медиумите од Обединетите Арапски Емирати пишуваат дека Далиќ скоро сигурно ќе стане нивниот нов селектор. Наводно, договорот бил подготвуван подолг период, а шансите за промена на одлуката се многу мали.

Клучен момент е дека, според истите информации, Далиќ веќе дал збор на челниците на ОАЕ. Се очекува да потпише повеќегодишен договор со услови кои другите заинтересирани репрезентации тешко би можеле да ги достигнат.

ОАЕ сака што побрзо да го заврши работата и официјално да го објави Далиќ како селектор, за да спречи други федерации да се вмешаат во завршните преговарачки фази.

За Далиќ ова би бил нов репрезентативен предизвик по деветте години на чело на Хрватска. За „Ватрените“, пак, започнува ново доба. Ерата на Далиќ заврши по најголемите успеси во историјата на хрватскиот фудбал, а евентуалното враќање на Билиќ носи нова енергија, големо име и очекувања кои никогаш нема да бидат мали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Норвежаните немаат мир – не очекувале ваков потег од ФИФА

Репрезентацијата која можеби е најпријатното изненадување годинава и која успеа да го побе…