Дома Фудбал Норвежаните немаат мир – не очекувале ваков потег од ФИФА

Норвежаните немаат мир – не очекувале ваков потег од ФИФА

Репрезентацијата која можеби е најпријатното изненадување годинава и која успеа да го победи Бразил во осминафиналето на Светското првенство, ќе игра во четвртфиналето против Англија, репрезентација која е фаворит во овој дуел.

Норвежаните се соочија со проблем во хотелот, на пристигањето во Флорида во хотелот Далмар, по само една преспиена ноќ таму, мораа да го променат хотелот.

Причина?

Норвежаните се жалеа на постојана бучава од градилиштето кое е покрај хотелот, па итно побараа реакција од ФИФА. Освен тоа, и сообраќајот околу хотелот беше прилично бучен.

Сојузот се обидува да ги задржи играчите во многу добро расположение по исфрлањето на Бразил, а сега ја обвини ФИФА за новиот проблем…

Пронајдено е ново сместување, поскапо, па ФИФА се согласи на промена на хотелот и покривање на предвидената сума, а разликата во цената ја платија Норвежаните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Леао сака само во Галатасарај, на Аморим му паѓа огромен товар од грбот?

Милан успешно ја започна новата сезона во италијанското првенство во недела вечер, но побе…