Дома Фудбал Проблем за Англичаните: Даклан Рајс завршил во изолација!

Проблем за Англичаните: Даклан Рајс завршил во изолација!

Англиската репрезентација се соочува со голем предизвик пред четвртфиналниот натпревар на Светското првенство против Норвешка.

Како што објавува Daily Mail, еден од најважните играчи, играчот за врска Деклан Рајс, се заразил од вирус и е изолиран од остатокот од тимот.

Играчот од средниот ред на Арсенал, кој за време на првенството имаше проблеми со коленото и долниот дел на грбот, сега поради болеста пропуштил два тренинга последователно.

Англиската фудбалска федерација веднаш презеде мерки, изолирајќи го Рајс од неговите соиграчи за да се спречи понатамошно ширење на инфекцијата, а неговото учество во натпреварот против Норвешка е под знак прашалник.

Натпреварот меѓу Англија и Норвешка ќе се одигра во сабота во Мајами со почеток во 23 часот по наше време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Леао сака само во Галатасарај, на Аморим му паѓа огромен товар од грбот?

Милан успешно ја започна новата сезона во италијанското првенство во недела вечер, но побе…