Дома Фудбал Останато Пикси ќе биде нов селектор на Србија

Пикси ќе биде нов селектор на Србија

Легендата на српскиот фудбал, Драган Стојковиќ – Пикси ќе биде нов селектор на срската репрезентација, пренесуваат тамошните медиуми.

Фудбалскиот сојуз на Србија наводно постигнал договор со Пикси, кој деновиве треба да стави потпис на договор според кој ќе заработува 1 милион евра годишно.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Србија е без селектор од декември минатата година, кога се разделија со Љубиша Тумбаковиќ, кој не успеа да избори пласман на Европското првенство.

Драган Стојковиќ Пикси како фудбалер играше за Црвена Звезда, Олимпик Марсеј, Верона и Нагоја. Како тренер ги предводеше екипите на Нагоја и Гванжу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сити испадна од Лигата на шампионите, а денес Пеп одлучи да потроши 100 милиони на ново засилување

Пеп Гвардиола ниту оваа сезона не блеска многу со Манчестер Сити, а нов удар пристигна во …