Стана сигурно дека Челзи ова лето нема да може да купува нови фудбалери, откако беше казнет од страна на ФИФА поради неправилности при трансфери на млади фудбалери.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Откако „сините“ ја загубија жалбата на една инстанца, испратија жалба до Спортскиот арбитражен суд во Лозана. Меѓутоа, од таму денес изјави дека случајот нема да биде разгледуван од 14-ти август, а трансфер пазарот во Англија завршува на 8-ми август.
Санкцијата нема да важи за веќе купените играчи на Челзи, како што е случајот со Кристиан Пулишиќ кој пристигна од Борусија Дортмунд.
Исто така „сините“ ќе можат да ги откупат фудбалерите кои се на позајмица од претходната сезона, како што е случајот со Матео Ковачиќ.