Македонскиот напаѓач Иван Тричковски стави потпис на нов договор со АЕК Ларнака.
Тричковски се обврза на верност со кипарскиот тим до 2024 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Актуелниот договор на Тричковски истекуваше во јуни 2022 година, но АЕК сакаше да го задржи Македонецот, кој е еден од најдобрите играчи во клубот.
„Беше многу лесно да се постигне договор, му се заблагодарувам на претседателот, другите членови на Одборот. Јас сум прилично нетрпелив, полн со мотивација и доста гладен за повеќе титули и успеси, како на тимско, така и на индивидуално ниво. Оптимист сум дека доаѓа најдоброто за АЕК Ларнака“, изјави Тричковски.