Дома Фудбал Овие двајца играчи во „Ла Масија“ изведуваа слободни удари пред Меси, а денес – пропаднаа!

Овие двајца играчи во „Ла Масија“ изведуваа слободни удари пред Меси, а денес – пропаднаа!

Познатата фудбалска школа на Барселона „Ла Масија“ секогаш била преполна со талентирани играчи.

Некои успеаа да остварат големи кариери и да бидат најдобри во светот, но имаше и такви кои не ги исполнија високите очејувања. Посебно тоа се однесува на двоецот кој дури изведуваше слободни удари подобро од самиот Лионел Меси.


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Кога ќе видиме како Меси ги изведува слободните удари тоа звучи неверојатно, но Меси во „Ла Масија“ слободните удари ги оставаше на Виктор Васкез и Жуан Клауси.

Васкез е шест месеци постар од Меси и одигра вкупно три натпревари за првиот тим на Барселона. Успеа да постигне и гол за Каталонците во Лигата на шампионите против Рубин Казан.

Во времето на Пеп Гвардиола Васкез во 2011 година беше продаден на Клуб Бриж и денес игра во Катар за тимот на Ум Салал, додека претходно настапуваше во мексиканскиот Круз Азул и канадскиот Торонто.

Клауси пак оствари уште послаба кариера. Тој играше за младинците на Барселона, а потоа во главно играше во клубови во пониските лиги во Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи го освои и „Сан Сиро“

Наполи запиша голема победа на гостувањето кај Милан 0:2 и се зацврсти на првата позиција …