Интер во финишот од преодниот рок беше во потрага по централен дефанзивец, а на крајот пристига Ачерби.
Симоне Инзаги го доведе Ачерби затоа што го познава од соработката во Лацио, но овој трансфер воопшто не им се допаѓа на навивачите на Интер. Ачерби не криел дека е навивач на Милан, а дури потврди и дека одел на трибината со ултрасите на „росонерите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Навивач сум на Милан. Во минатото бев член на „Fossa dei Leoni“ (ултрас навивачката група на Милан). Со пријателите одев на натпревари на Милан на „Сан Сиро“. Последниот натпревар на кој бев е полуфиналето во Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед во 2007 година“; изјави Ачерби пред неколку години во интервјуто за „Газета дело Спорт“.
Ачерби во минатото исто така беше играч на Милан. Во клубот настапуваше половина година во сезоната 2012/2013 и одигра 10 натпревари.
Но, уште еден дури и поважен детал поради кои навивачите на Интер не го сакаат Ачерби се случи минатата сезона кога Интер и Милан беа во жестока битка за титулата.
Тимот на Стефано Пиоли во 34. коло играше против Лацио и ако тој натпревар завршеше 1:1 како што беше се до 92. минута Интер ќе останеше во пол-позиција во последните три кола. Овој натпревар Милан го доби само поради грешката на Ачерби пред самиот крај.
Освен тоа камерите дури го забележаа и како се смее после киксот кој го направи, а Милан дојде до победа и го презема врвот на табелата.
Acerbi ride al gol del Milan #acerbi #LazioMilan #SerieA pic.twitter.com/ztRpaQVkhb
— tuttocalcio_mercato_com (@calsciomercato) April 24, 2022