Рома вечерва ја отвора европската сезона со гостувањето кај молдавскиот Шериф во првото коло од Лигата на Европа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тимот на Жозе Мурињо минатата сезона беше поразен во финалето од ова натпреварување, а претходно ја освои Конференциската лига против Фејенорд. Мурињо пред дуелот со Шериф зборуваше за изгубеното финале против Шпанците.
„Ќе продолжам да го зборувам тоа до последниот ден додека сум тренер – не го изгубивме финалето во Лигата на Европа против Севиља. Во Будимпешта не изгубивме и никогаш нема да го сменам тоа мислење“, изјави Мурињо кој во тоа финале беше незадоволен од судењето на Ентони Тејлор.
Ќе потсетиме, Севиља ја победи Рома по подоброто изведување на пенали.