
Лино Червар, кој од следната сезона ќе седне на клупата на Пелистер, без двоумење го избра Кире Лазаров за најдобар ракометар на сите времиња, предизвикувајќи бурни реакции во хрватската јавност, каде што многумина сметаат дека тоа признание треба да му припадне на Ивано Балиќ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Искусниот стратег јасно го изнесе својот став, истакнувајќи дека за него нема дилеми околу тоа кој е број еден во ракометната историја.
„Кирил Лазаров за мене е најголемиот на сите времиња“, изјави Червар, кој наредната сезона ќе се соочи со Лазаров и неговиот Алкалоид во битките од македонската Суперлига.
Червар потоа детално објасни што го издвојувало Лазаров уште од нивната прва средба во летото 2000 година. Според него, уште тогаш било очигледно дека поседува не само врвен спортски потенцијал, туку и карактер и култура кои ретко се среќаваат.
„Уште при првата средба забележав каков човек и спортист е. Знаеше да гради искрена и здрава комуникација, а тоа е голема вредност која денес не ја поседуваат сите. Имаше харизма и одлични комуникациски способности што му ги отвораа сите врати“, потенцираше хрватскиот тренер.
Легендарниот стратег откри дека уште на самиот почеток сфатил дека Лазаров не е обичен играч, туку личност подготвена да стане врвен професионалец.
„Кај него веднаш се гледаше работната етика. Остануваше и по тренинзите за дополнително да работи на шутот, движењата и додавањата. Неговото специфично движење при шутот беше мајсторство, а секое додавање уште