
Фудбалскиот клуб Рома официјално објави дека соработката со тренерот Клаудио Раниери е завршена.
Римскиот клуб изрази благодарност до искусниот стручњак за неговиот значаен придонес, нагласувајќи дека ја презеде екипата во многу комплициран момент, и дека неговата работа ќе биде постојано ценета.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Клубот му се заблагодарува на Клаудио за неговиот значителен придонес. Тој го водеше тимот во исклучително тежок период и секогаш ќе сме му благодарни на неговите напори“, се наведува во соопштението.
Рома појасни дека сега фокусот е насочен кон иднината, со јасна визија и стабилно водство на клубот.
„Клубот е стабилен, со силно лидерство и јасно дефинирана визија. Рома секогаш ќе биде на прво место“, се додава во соопштението.
Исто така, потврдено е дека клубот има целосна доверба во работата на новиот тренер Џан Пјеро Гасперини, со кого ги дели амбициите за раст, напредок и успешни резултати што се совпаѓаат со богатата историја на клубот.