
Играчот од средниот ред на Барселона и шпанската репрезентација, Фермин Лопез, ќе го пропушти претстојното Светско првенство поради сериозна повреда. Младиот фудбалер ја скрши метатарзалната коска во ногата и треба да оди на операција, што значи дека го очекува долг период на опоравување. Веста претставува голем удар за Шпанија, но и за Барселона, каде што Лопез се разви во еден од клучните играчи.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во последните сезони, Фермин, од исклучителен талент, прерасна во значаен член на првиот состав на Барселона. Оваа сезона беше еден од најпродуктивните играчи со дури 13 постигнати голови и 17 асистенции. Со својата енергија, агресивноста во играта без топка и опасни напади од втор план, обезбеди клучна улога во системот на тренерот Ханси Флик, а многумина го сметаа за важен адут на Шпанија на Мундијалот.
Повредата дојде во најлош можен момент, пред најголемиот турнир во неговата досегашна кариера. Лопез беше на чекор до обезбедување место на списокот на патници за Светското првенство, но сега наместо тоа го очекува долг опоравок. Од Барселона потврдија дека на натпреварот против Бетис, играчот ја скрши петтата метатарзална коска на десното стапало и дека ќе се подложи на операција.