Дома Фудбал Готово: Дибала самиот најави заминување од Рома!

Готово: Дибала самиот најави заминување од Рома!

Пауло Дибала (32) откри дека Рома сè уште не го контактирала за да го продолжи договорот, потврдувајќи дека дербито против Лацио наредниот викенд ќе биде неговата последна домашна утакмица за клубот ако не се постигне договор. Оваа изјава дојде по драматичната победа на Рома од 3-2 на гостински терен против Парма, која ја одржа нивната надеж за пласман во Лигата на шампионите, пишува Football Italia.

По натпреварот, Дибала на „Скај Спорт“ отворено зборуваше за својата неизвесна иднина. “И јас би сакал да знам што ќе биде со мене. Договорот ми истекува по две натпревари. Според моменталната состојба, дербито ќе биде моја последна средба пред нашите навивачи”, рече аргентинскиот фудбалер.

На директното прашање дали клубот го контактирал за нов договор, Дибала кратко и јасно изјави: “Не”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Руни жестоко удри по Манчестер Јунајтед: „Многу од овие играчи не се доволно добри“

Легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, жестоко го критикуваше составот на клубот, дов…