
Селекторот на женската одбојкарска репрезентација на Македонија, Милош Гавриловиќ, го прошири списокот на повикани играчи со повеќе млади имиња, а меѓу новите членки се и сестрите Даниела и Сара Горбок.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тие се ќерки на поранешниот руски ракометар Сергеј Горбок, кој во својата кариера настапуваше и за РК Вардар.
Даниела и Сара моментално играат за „Газели Волеј“ во домашното првенство и подолг период живеат во Македонија.
„За нас беше големо изненадување кога го добивме повикот, но го прифативме со драго срце. Благодарни сме што сме поканети да сме дел од сениорската репрезентација на Македонија. Се радуваме што селекторот смета на нас“, вели Сара, додека Даниела ја надополнува: „Навистина сме среќни и тука сме за да покажеме што знаеме и што можеме. Ќе се обидеме да го дадеме најдоброто од нас и да покажеме дека стручниот штаб може да смета на нас“, кажа Гавриловиќ.