Дома Фудбал Мурињо доаѓа во Реал и има само еден играч на мета: Него го сакам!

Мурињо доаѓа во Реал и има само еден играч на мета: Него го сакам!

Жозе Мурињо, кој се враќа во Реал Мадрид и само се чека официјална потврда, веќе почна да го составува својот тим за новата сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мурињо знае дека ќе биде потребно многу работа и многу промени по ужасната сезона во која Реал едвај беше конкурентен во сите натпреварувања во кои играше.

Како што пренесуваат странските медиуми, португалскиот тренер го одредил првото засилување за Реал, а тоа е сјајниот Родри.

Жозе го гледа шпанскиот репрезентативец како идеално засилување за средниот ред и клучна фигура во новиот проект на кралскиот клуб.

Родри има договор со Сити, но се почесто се спомнува можноста за негово заминување, особено ако не се постигне договор за продолжување на соработката.

Наводно, Мурињо смета дека токму играчот од средниот ред на Граѓаните и поранешен најдобар играч во светот може да биде неговото прво големо засилување при враќањето на Сантјаго Бернабеу, каде се очекува дека повторно ќе ја преземе екипата по завршувањето на сезоната и клупските избори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез го „одврза ќесето“: Познато колку пари Реал ќе мора да ѝ плати на Бенфика за Мурињо

По објавата на Фабрицио Романо за враќањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид, познато е и кол…