
Со завршувањето на сезоната во поголемиот дел од европските шампионати, познати се и сите потенцијални противници на Вардар во првото квалификациско коло од Лига на шампиони.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Меѓу потенцијалните противници на Вардар се Шамрок Роверс, КУПС, Дрита, Линколн Ред Импс, Борац Бања Лука, Викингур, Каират Алмати, Крајова, Рига, КИ Клаксвик, Флора Талин, Ларне, Петрокуб и ТНС.
Вардар последен пат настапуваше во квалификациите за Лигата на шампионите во 2017 година, кога по елиминацијата од Копенхаген во третото квалификациско коло, продолжи во плеј-офот од Лига Европа. Тогаш скопскиот тим двапати го совлада Фенербахче и обезбеди историски пласман во групната фаза.
Минатата сезона „црвено-црните“ настапија во квалификациите за Конференциска лига, каде што нивниот европски пат заврши во второто коло по дуелите со Лозана.
Првите натпревари од квалификациите се закажани за 7 јули, додека реваншите ќе се играат на 14 и 15 јули. Ждрепката за првото квалификациско коло е предвидена за 16 јуни.