
Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, денеска на прес-конференција го соопшти списокот на играчи кои ќе ги претставуваат боите на репрезентацијата на Светското фудбалско првенство што ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Голмани: Доминик Ливаковиќ, Доминик Котарски и Ивор Пандур.
Одбранбени играчи: Јошко Гвардиол, Дује Чалета-Цар, Јосип Шутало, Јосип Станишиќ, Марин Понграчич, Мартин Ерлиќ и Лука Вушковиќ.
Средината на теренот: Лука Модриќ, Матео Ковачиќ, Марио Пашалиќ, Никола Влашиќ, Лука Сучиќ, Мартин Батурина, Кристијан Јакиќ, Петар Сучиќ, Никола Моро и Тони Фрук.
Нападот: Иван Перишиќ, Андреј Крамариќ, Анте Будимир, Марко Пашалиќ, Петар Муса и Игор Матановиќ.
🟥⬜️ We are but few, yet brave and bold! 🟥⬜️
— HNS (@HNS_CFF) May 18, 2026
🥁 Here is #Croatia preliminary squad for the upcoming @FIFAWorldCup! 🇭🇷🌎🔥#HrabarBroj #Family #WorldCup #Vatreni❤️🔥 pic.twitter.com/H0ZFiiJR3g
Хрватска е дел од групата Л каде ќе се соочи со тимовите на Англија, Панама и Гана, а подготовките започнуваат на 25 мај.
Во пресрет на натпреварите, планирани се две пријателски средби кои ќе се одиграат на домашен терен. На првиот меч противник ќе биде Унгарија на 2 јуни во Рјека, а пет дена подоцна ќе се соочи со Словенија во Вараждин.
Хрватскиот тим потоа ќе замине за Америка, каде што ќе го започне својот настап на Светското првенство со натпревар против Англија закажан на 17 јуни.
Натпреварот против Панама ќе се оддржи на 24 јуни, додека конечниот натпревар од групната фаза ќе биде на 27 јуни против Гана.