Дома Фудбал Италија Мурињо донел конечна одлука за својата иднина!

Мурињо донел конечна одлука за својата иднина!

Според „Корирере дело Спорт“, Жозе Мурињо одлучил да остане во Рома до крајот на неговиот договор, кој истекува во јуни 2024 година и покрај понудите кои наводно пристигнале од Њукасл и Пари Сен Жермен.

Неодамна Мурињо за останувањето во Рома изјави дека прво треба да се сретне со сопствениците на клубот, па потоа да ја испланира иднината.


Време е за ЕП: Супер дерби уште на стартот, тест за домаќинот! ↓↓↓


Сега „Кориере дело Спорт“ тврди дека Мурињо донел одлука за продолжување на договорот.

Наводно, Мурињо одлуката ја донел пред почетокот на репрезентативната пауза и пред да отпатува за Лондон каде ја мина паузата со семејството. Се наведува и дека Мурињо не е заинтересиран за понудата на Њукасл.

Се споменува и добриот однос на Мурињо со спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос, но тоа како што стојат работите нема да биде доволно да се пресели во Париз.

Клубот се надева дека останувањето на Мурињо може да ги убеди Пауло Дибала и Крис Смолинг да останат во клубот барем уште една сезона. Дибала во договорот има клаузула според која за 12 милиони евра може да оди во друг клуб од Серија А или во кој било друг клуб за 20 милиони. Договорот на Смолинг истекува ова лето.

По 27 одиграни кола, Рома е петта на табелата со 47 бодови, еден помалку од Милан, три од Интер и пет повеќе од Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал експресно најде замена, во Мадрид доаѓа најталентираниот дефанзивец во Европа

Примарна трансфер цел на Реал Мадрид ова лето ќе биде централниот дефанзивец на француски …